Share

Во современата работна терминологија, поимот брокер за акции подразбира правно или физичко лице кое извршува посреднички работи на берзанското работење (тргување со акции). Ако се работи за правно лице, тогаш станува збор за брокерска куќа која има дозвола за работа на берза, а ако се работи за физичко лице, зборуваме за поединци кои се ангажирани т.е. вработени од страна на некоја брокерска куќа. Во тој случај, секој поединец мора да има посебна лиценца з брокери, што всушност претставува негов легитимитет за извршување на работата на посредник во берзанското работење. Често, во секојдневниот жаргон, поимот брокер за акции се заменува со поимот брокер. Со оглед на тоа дека кај нас , во Македонија, во главно станува збор за тргување со акции на Македонската берза, односно, за тргување со акции на домашни компании во процесот на приватизација на компаниите, многу често се изедначуваат, т.е. се поистоветуваат овие два поими. Меѓутоа, ако го гледаме тргувањето на глобалниот финансиски пазар од поширок аспект, можеме да уочиме дека поимот брокер за акции е многу потесен од поимот брокер. Освен тоа, се појавуваат и други сродни поими како што се брокери за осигурување, forex – брокери, дилери со акции и слично. Forex брокерите посредуваат во тргувањето  на Forex маркетот (Foreign Exchange) односно на меѓународниот пазар на валути. Така би можеле генерално да ги наречеме брокер за акции сите брокери кои посредуваат на меѓународната берза, како New York Stock Exchange, а исто така и Лондонската, Токиската и други каде се тргува со акции на најголемите меѓународни компании. Со развојот на глобалниот финансиски пазар и со усовршувањето на системот на комуникација, комплексноста на понудите на водечките брокерски куќи е се поексклузивна. Има се повеќе брокери кои им нудат интересни пакети на услуги на своите клиенти и осигуруваат можност на тргување преку најсовремените платформи со избор на богати палети на инвестициони инструменти. На таков начин на клиентите им е достапно тргувањето со акции, благородни метали, нафта и други важни суровини и производи, но и со валутни парови, и сето тоа на едно место.

Брокер за акции најчесто се третира тесно специјализиран работен субјект кој посредува во тргувањето со акции, па заради тоа се смета како најдоверлив во областа на инвестиции во акции на компании, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар. При изборот од страна на клиентот, брокерот за акции мора да биде доверлив, информативен и многу внимателен за сите барања на потенцијалниот инвеститор/купувач на акции, а исто така и продавач. Пред да го издаде својот неповратен налог за брокер за акции, клиентот мора на транспарентен начин и во склад со Законот за трговински друштва, да го презентира својот начин на работење, и да се придржува до сите прописи од Законот за работење на берза. Со оглед на тоа што трговината со акции во време на сопственичка трансформација и приватизација на компаниите е многу актуелна, можни евентуални злоупотреби и неправилности во работењето се можни. Брокерот за акции затоа е, пред се, институционализирано правна личност од доверба, која своето работење  го насочува исклучиво во насока на корис на клиентот, што значи дека со строго почитување на кодексот за работно однесување со своите клиенти осигурува рамноправен однос со сите останати купувачи/продавачи на пазарниот натпревар. Акционерите и акционерските друштва меѓусебно многу се разликуваат по многу критериуми, а основен извор на информации за акциите и акционерите, односно за нивното право и положбата на основа на сопствеништво над акциите претставува Законот за трговски друштва. Со оглед на тоа дека сопствениците на акции се сопственици на капиталот на некоја компанија, а сопственичките односи се многу комплексни што произлегува од видот и класата на одредени односи (обични и привилегирани акции), тоа подразбира висок степен на професионалност во работата која ја врши брокерот за акции.

Share

Leave a Reply

Close Menu