Како функционираат брокерите за осигурување

Share

Во современото работење многу често се сретнуваме со поимите како што се  брокери, форекс брокери, брокери за осигурувања, брокериски куќи, брокерско – дилерски друштва и сл. Брокерите за осигурување или на англиски insurence broker се, всушност, специјални советници (стручњаци на полето осигурување) кои даваат совети и професионала помош на осигурениците. Брокерите за осигурување професионално се занимаваат со осигурување како занимање и не треба да се поистоветува нивната работа со работата на агентите за осигурување, заради тоа што агентите извршуваат и други работи (банкарски работи, купопродажни договори и сл). Брокерите за осигурување се одговорни пред своите клиенти осигуреници за евентуалните можни лоши совети и заради заштита на професијата често се здружуваат во таканаречени здруженија на брокерите за осигурување така што на тој начин ги штитат високите стандарди на оваа професија. Брокерите за осигурување добиваат провизија за извршените работи која по правило изнесува повеќе од провизијата на агентите за осигурување.

Брокерите за осигурување по начинот на работење битно се разликваат од агентите за осигурување, а најважно треба да разликувате функционирање во однос на осигуреникот, односно осигурителното друштво (куќата за осигурување). Агентите за осигурување функционираат како застапници во осигурувањето и работат за осигурителните куќи како нивна “продолжена рака”. Брокерите за осигурување работат за интересот на своите клиенти остваруваќи го преку соработката со осигурителните куќи, засапуваќи ги осигурениците во сите фази на договорите за осигурување. Значи, брокерите за осигурување како посредници за осигурување немаат за цел да им продадат осигурување на клиентите, туку да ги советуваат клиентите при изборот за осигурување, ризикот од кој треба да се осигураат и на кој начин. Има неколку видови на осигурување, осигурување на имот, осигурување на личност, осигурување на моторни возила, осигурување од одговорност во работењето на стопанството, транспортот и др.

Иако брокерите за осигурување работат за интерес на клиентите, нивните услуги на посредување во осигурувањето за клиентите се бесплатни (без надокнада), а провизијата (надокнада за извршената работа ) ја остваруваат од осигурителните куќи (осигурателите). Ваков вид на работење представува големо растеретување за клиентите, пред се заради заштеда на време потребно за работа на осигурувањето, како и кадрови за администрирање, кој е во глобала од голем обем. Брокерите за осигурување имаат и други предности кои што се огледуваат во следново:

  • Посредуваат /вработуваат професионалци во сите тимови за извршување на работата осигурување.
  • Поседуваат авторитет кај осигурителните куќи (заради тоа што имаат огромен број на клиенти)
  • Се одликуваат со голем број на услуги
  • Располагаат со понуди на сите водечки осигурителни куќи, додека осигурувачот располага само со своите.
  • Осигуруваат најповолни понуди за своите клиенти заштедувајќи им простор и време, како и потребна работна сила за извршување на работите за осигурување (најчесто клиентот соработува само со една личност по прашање на сите работи поврзани со осигурувањето).
  • Сите услуги за клииентите без надокнади, додека брокеритеза осигурување како посредници ја преземаат на себе сета проблематика поврзана со осигурувањето итн.

Како важно, треба да се напомене и фактот дека брокерите за осигурување не можат самостално и по своја воља да донесуваат одлуки во име на своите клиенти. Тие работат по принципот на испраќање на побарувања на осигурителните куќи во име на своите клиенти, а на темел на овластување од клиентот со кој ги потврдуваат упатените побарувања. Странките можат да бидат правни или физички лица чии потреби со посредување ги извршуваат брокерите за осигурување заклучувајки договор за осигурување (полиса за осигурување) со осигурителната куќа, а доаѓаат од сите областа на стопанството, здрвството, индустријата, и други области.

Брокерите за осигурување како правни лица оспособени за работи посредување во осигурувањето мораат да добијат согласност и дозвола од Македонската Нардна Банка. Лицата вработени во внатршноста на брокерските куќи за посредување во осигурувањето, исто така мораат да имаат потребна документација за извршување на работата, пред се лиценца од Македонската Народна Банка за брокери за осигурување. Освен тоа, пожелно е да говорат странски јазици, добро познавање на материјата и процедурите во сите видови на осигурување, комуникативност и способност во преговарачките работи, како и склоност спрема тимската работа. За извршување на ваков тип на работа предвидени се посебни награди /бонуси како и специјални стимулации кои имаат во својата пракса сите броекери за осигурување.

Share

Leave a Reply

Close Menu