Како функционираат брокерските куќи

Share

На берзата, како организиран пазар на кој се тргува со акции, брокерските куќи се главен носител на работа. Брокерските куќи или брокерско –  дилерските друштва се правни лица кои вршат работа на инвестициони советници на брокерско тргување, дилерско тргување, портфолио на менаџерите и маркет мејкери. Дозволи за извршување на наведените работи брокерските куќи добиваат од Комисијата за вредносни хартии. Брокерските куќи, всушност, функционираат како берзански посредници, а поимот брокерско – дилерско друштво потекнува од начинот на нивната организација на работата. Ако настапуваат во свое име во тргувањето со вредносни хартии, а за сметка на своите клиенти (комисионери), или во име и за сметка на своите клиенти (застапници), брокерските куќи се нарекуваат брокери. Ако настапуваат како трговци со вредносни хартии во свое име и за своја сметка (принципал), брокерските куќи се нарекуваат дилери. Брокерите за своите услуги наплаќаат провизија по извршување на трансакција, додека трговците остваруваат заработувачка со разликата во цената на хартиите (куповна цена/продажна цена). Брокерските куќи кои работат како дилери во својата работа сносат ризик за загуба, со тоа што дилерот може да настапи на пазарот како комисионер и застапник. Важно е да се напомене дека во работната терминологија поимите брокер и дилер не се користат само како називи за брокерските куќи (кога треба да се нагласи нивниот начин на организација), туку и за физички лица кои тие ги вработуваат. Тоа подразбира дека лицата кои непосредно ги извршуваат работите на тргување со вредносни хартии мораат да имаат посебни лиценци и дозволи за работа.

Сите брокерски куќи од овој вид се правни лица основани за вршење работа на посредување во трговијата со вредносни хартии со обврска своето работење да го вршат исклучително н организиран пазар или берза. Брокерските куќи во своето работење мораат да ги почитуваат строгите правила од Законот кој е пропишан од страна на надлежниот орган. Брокерските куќи ги застапуваат интересите на клиентите према налогот за тргување, односно, клиентот му ја доставува сметката на брокерот во пишана форма, а понатаму налозите се внесуваат во книгата на налози на берзат или во берзанскиот електронски систем за тргување. Со ова се обезбедува јавноста од сите активности на пазарот на хартии од вредност затоа што транспарентноста е основна обврска на секоја брокерска куќа.

Се почесто се користи поимот брокерски куќи кај нас кој не подразбира само куќи кои работат на берза, односно нивниот домен на работење е проширен на глобално ниво. Тоа значи дека постојат брокерски куќи кои работат надвор од организираниот пазар во нашата земја т.е. тие работат на меѓународните финансиски пазари. Овде станува збор за брокери кои работат на Forex маркетот, односно на клиентите им пружаат услуги за тргување на Forex пазарот. Нивната основна предност е во тоа што спектарот на можности кои им се достапни на клиентите во склоп на нивните услуги достигнал огромни размери во однос на  ситуацијата од пред само неколку години. Тргувајќи со посредство на брокерските куќи на Forex пазарот, на клиентите им се пружа можност да тргуваат со значително поголем број на инвестициони инструменти и да тргуваат по  светски стандарди на организираните меѓународни пазари. Посебен куриозитет претставува фактот дека на еднообразните платформи кои им ги нудат брокерските куќи на трејдерите може да се тргува со валути, роба, нафта, злато, акции на престижните светски компании итн. За разлика од другите трговински работи кои често земаат  високи премии и провизии, на Forex пазарот провизиите се еднакви со спредот (разлика во куповната и продажната цена) што за најтргуваните инструменти  често изнесува 1 – 2 пипса (величина еднаква на четвртата децимала) што претставува исклучителна поволност која ја нудат ваквите брокерски куќи.

Share

Leave a Reply

Close Menu