Share

Онлајн брокер е име кое често се користи кога се зборува за брокер кој работи на форекс пазарот. Освен тоа, во употреба е и терминот со скратено значење ECN (ECN  брокер) што означува електронски комуникациски мрежи, а исто така значи онлајн брокер. ECN брокер нема dealing desk, туку по пат на онлајн платформа  пружа можност да се пристапи кон пазарот во предвиденото работно време. Единствена карактеристика  на девизниот пазар (Forex market) е ОТС (over-the-counter market), што значи дека онлајн брокерот не работи од места, на пример, како робни берзи (Stock Exchange), практично сите трансакции се вршат на нецентрализиран пазар. Значи, финансиските трансакции формираат на меѓународниот финансиски пазар кој во суштина чини збир на активности на најголемите светски  банки, каде се одвива трговијата со валути (валутни парови). Битно својство на валутите и валутните парови за функционирање на форекс се секако флексибилноста на валутите (free – floating of currencies), како и нивната ликвидност. Всушност,  од 1978 година од страна на IMF (Меѓународен монетарен фонд) како надлежно тело овластена флексибилност на валутите, што значи дека било кој може да тргува со валутите, а притоа вредноста на валутите на меѓународниот финансиски пазар претставува функција на моменталната понуда и побарувачка на одредена валута.

Спрема наведеното, онлајн брокерот како правно лице кое се занимава со посредување во тргувањето со валути на глобалниот финансиски пазар и на клиентите им овозможува по пат на електронска платформа да ги извршуваат своите трансакции во реално време рамноправно со сите учесници во трговијата. Онлајн брокер, како онлајн трговијата, не биле секогаш присутни во овој вид на работење, туку тоа станале благодарејќи на наглиот напредок на технолошките и информативните процеси и со осовременувањето на работењето во сите сфери на општествениот живот. Во таа смисла, слободно може да се смета дека на онлајн купувањето и работите со кои се занимава онлајн брокерот им претходат почетоците на модерниот пазар на валути уште од средината на триесетите години на дваесетиот век, кога прв пат валутниот пазар попримил карактеристики на зголемени волатилности и релативна стабилност. Во тој период Лондон бил водечки центар за тргување со валути, а британската фунта е третирана и како фалута за тргување, но и како резервна валута. Со оглед на тоа дека во тие години процесот на трговијата се одвивал со телекс машини или по пат на кабел, британската фунта добила назив „cable“ (од англискиот збор cable, кабел), кој се користи и денес во стручната финансиска терминологија.

Секој онлајн брокер на своите клиенти преку пакет на услуги им пружа услуги на посредување во тргувањето на глобалниот финансиски пазар, но присутни се и многу разлики помеѓу нив. Водечки онлајн брокер кај нас и во регионот, Fortrade, има една од најпрестижните понуди за онлајн форекс тргување со валутите, а многу од погодностите кои ги нуди се однесуваат на сите останати финансиски инструменти (злато и други благородни метали, нафта и др.) како и валутни парови. Секако треба да се нагласат и заедничките компоненти кои форекс тргувањето и работите кои ги врши  онлајн брокерот ги ставаат во прв план на современото работење, а тие се:

  • Зголемена осетливост на голем број на фактори кои перманентно се менуваат на пазарот
  • Пристапност (на водечките светски валути) за сите трејдери под идентични услови по пат на електронски платформи кои ги нуди онлајн брокерот
  • Ликвидност на водечките и главните валути
  • Нон – стоп работно време што дава необврзувачка организација на работното време надвор од стандардното работно време (онлајн брокерот работењето го врши на глобално ниво)
  • Екстремно голема продуктивност во односот на другите пазари

Некогаш тргувањето со валути се вршело исклучително во меѓубанкарскиот сектор, но развојот на информатичките технологии како и осовременувањето на финансиското работење во светот допринело до функционирањето на форекс пазарот на глобално ниво, а во најголем дел благодарејќи на професионализмот во пружањето на услуги на форекс брокерот. Најдолго гледано, функционирањето на форекс пазарот од аспект на широкиот аудиториум неизоставно значи ефективност на работењето кое посреднички го врши онлајн брокерот.

Share

Leave a Reply

Close Menu